Џемперот на баба и други досетки: Како руските корени спасуваат животи во окованиот од мраз Тексас

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Баба Лилија од Русија, во моментов на гости кај роднини во Тексас, им покажа на тамошните семејства како се ракува со греењето во снежна бура.

Баба Лилија од Русија дојде во Тексас да ги посети ќерката и трите вкуки. Поради пандемијата на новиот коронавирус таа мораше да остане во САД. Така и се најде среде крајно необичната за ова подрачје ледена бура што го зароби Тексас.  

„Водата ја испуштивме навреме, така што системот за греење не замрзна. Тука повеќето од нив не знаеја дека водата треба да се испушти“, ги пренесува телевизиската станица „360“ нејзините зборови.

Бидејќи во продавниците воопшто немаше да се купи топла облека за толку студени денови, бабата им исплете на своите најмили џемпери. „Ме спаси тоа што живеев во Русија“, рече Лилија.

Синоптичарите наведуваат дека енормното заладување во САД го предизвикале приближно истите оние процеси кои во Москва во средината на февруари ја спуштија температурата на триесет степени под нулата. Според зборовите на стручњаците, генерално предизвикувач на таквите промени би можело да биде глобалното затоплување.