„Фејсбук“ ги блокира објавите на Russia Beyond! Причината е Австралија!?

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
„Фејсбук“ од синоќа ги ограничи можностите за споделување на нашите содржини, со исклучок на фотографиите и видеоприлозите, повикувајќи се на новите правила што се воведуваат спрема Австралија, како резултат на спорот што настана меѓу „Фејсбук“ и австралиските медиуми.

Ние, се разбира, не сме базирани во Австралија, туку во Москва, и не сме поврзани со забраната за читање и споделување на содржината на вестите на својот њузфид на австралискиот континент. Сепак, санкциите на некој необјаснив начин нé погодија и нас.

Во исчекување на подобри времиња ве повикуваме да ги следите нашите содржини ДИРЕКТНО на порталот RUSSIA BEYOND МАКЕДОНИЈА.

Ние секако и понатаму ќе продолжиме да ги споделуваме нашите статии преку „Фејсбук“, но тоа ќе бидат само фотографии со линкови преку кои можете да преминете на нашиот сајт.