Сахалин под снег: Жителите на островот си ги откопуваат куќите по силниот циклон (ВИДЕО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND
На снимката може да се види дека навевите се толку големи што практично во целост ги покриваат прозорците на куќите.

На Сахалин, во населбата Тимовско, поради силниот циклон куќите на мештаните се најдоа покриени со снег. За да излезат од куќите луѓето мораа да се фатат за лопата и друг алат. Еден од очевидците објави на интернет снимка за тоа.

На снимката може да се види дека навевите се толку големи што практично во целост ги покриваат прозорците на куќите. 

Во централниот дел на населбата улиците и премините се целосно затрупани со снег. Сопствениците на продавниците се принудени да прават скалила од снег за да се пробијат до работа.

Претходно беше соопштено дека во селото Бошњаково врз колата на брзата помош паднала лавина.