Во Москва ноќта меѓу четвртокот, 11 февруари, и петокот, 12 февруари, започна веавица што траеше три дена. Толку снег во рускиот главен град не паднало од 1973 година. Снежната покривка достигна 59 сантиметри, што значи дека за постигнување на апсолутниот рекорд недостигаше само еден сантиметар.
Антон Денисов / Sputnik
Таму каде што имаше паркирани автомобили утрината се гледаа само купишта снег. Возачите најпрвин мораа да си ја најдат својата кола да ја ископаат од снегот, а потоа да си ископаат себеси премин за да го напуштат дворот. Комуналните служби уште од утрото не беа подготвени за толкава количина врнежи.
Moskva agency
Властите на Москва веќе соопштија дека за целосно расчистување ќе бидат потребни осум дена.
Павел Бедњаков / Sputnik
Висината на некои навеви во дворовите двојно надминува човечки раст. Тротоарите на некои места беа повторно покриени со снег буквално пет минути откако таму помина машина за чистење.
Валериј Шарифулин / TASS
Таму каде што обично се гледаа детски лулашки и рингишпили, сега ѕиркаа само нивните врвови.
Артјом Геодакјан / TASS
На некои куќи снегот речиси целосно ги покри прозорците. „Ми требаше еден час да го исчистам целиот тој снег од прозорците. Имаше околу... 30 сантиметри снег“, напиша една московјанка на „Твитер“.
Евгениј Бијатов / Sputnik
Во центарот на главниот град ситуацијата не беше ништо подобра. Поради чистењето на главните улици се издигнаа купишта снег високи колку еднокатници.
Reuters
Некои мораа да ги остават автомобилите и да тргнат пеш на работа, за да не стојат заглавени во колоните возила што се протегаа повеќе километри. „Јандекс“ ги оцени сообраќајните метежи со максимални 10 бодови.
Виталиј Белоусов / Sputnik
И воздушниот сообраќај беше парализиран: десетици летови беа откажани или доцнеа. Патниците чекаа со часови.
Валериј Шарифулин / TASS
„Затоа пак е преубаво!“, се согласуваат многумина. Во текот на целиот викенд улиците затрупани со снег беа омиленото место за фотографирање.
Денис Гришкин/Moskva agency
Валериј Шарифулин / TASS
Сергеј Савостјанов / TASS
Григориј Сисоев / Sputnik
Сергеј Фадеичев / TASS
Moskva agency
Moskva agency