Очевидците го сликаа сето тоа, а Telegram-каналот Baza објави компилација од неколку видеа.
На првите снимки се гледа како ураганот налетува на тројца луѓе. Тие се фаќаат за оградите и сообраќајните знаци за да не ги однесе ветрот. Во наредните две видеоснимки во воздухот летаат делови од покриви, а врз автомобилите паѓаат дрвени и метални парчиња од градби.
Градските власти им препорачаа на жителите на Магадан да не излегуваат надвор, а учениците не мора да одат на училиште. Според податоците на Министерството за вонредни состојби, слично време ќе се задржи во овој град уште два дена.