Руски нуркач без пераи и одело помина под ледена вода сто метри со само еден здив (ВИДЕО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Во подмосковскиот град Шчолково Игор Ажикин, кој се занимава со слободно нуркање, постави рекорд во нуркање без пераи и одело за нуркање. Мажот нуркаше сто метри под заледена вода со само еден здив. Неговиот резултат влезе во Руската книга на рекорди. Како што објасни спортистот, тој речиси не се ни подготвувал за тоа.