Спектакуларно апсење во Тјумењ: Престапници се бранеа со огномет (ВИДЕО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Апсењето на престапниците во рускиот град Тјумењ во Сибир беше невидено дотогаш. Полицијата која упадна во нивниот стан беше подготвена на најразлични сценарија, но она што никако не можеше да предвиди е дека сторителите на кривично дело ќе се бранат со пиротехнички средства, односно со огномет.

Тие дури го запалија и станот за да добијат на време, имајќи намера да побегнат преку прозорец, и покрај тоа што се наоѓаа на четврти кат. Меѓутоа, тоа беше неуспешен обид.

Уапсени се за грабеж на јувелирница и продавница за прехранбени производи. Во првиот случај го грабале накитот и бегале, а во вториот доживеале фијаско кога со нож ја нападнале продавачката. Таа пружила отпор и употребила бибер-спреј.