Норвешка уплашена од инвазија на „Црвената армија на Сталин“

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Жители на Норвешка се пожалија на инвазија од камчатски краби, пренесува новинарот на шпанскиот магазин „Ла Вангардија“ (La Vanguardia) Рафаел Рамос, нарекувајќи ги раковите „Црвената армија на Сталин“.

Во 70-тите години советските научници во рамките на еден експеримент ги донеле крабите во Мурманск и на полуостровот Кола. Според зборовите на Рамос, тие не само што се прилагодиле на новите услови, туку почнале да мигрираат и на територијата на соседна Норвешка сé до Лофотските острови, пренесува РИА „Новостиˮ. 

Новинарот истакнува дека раковите денес им создаваат големи проблеми на локалните рибари, затоа што со клештите им ги кинат мрежите.

Своите замерки ги изнесоа и активистите за заштита на животната средина. Според нив, големите колонии краби ги јадат дагњите, мекотелите, планктоните и сите жители на морските длабочини, нарушувајќи ја на тој начин рамнотежата на екосистемот.

Авторот на статијата ја споредува инвазијата на крабите со германската окупација на Норвешка за време на Втората светска војна. „Но дури и овие дамнешни инвазии не можат да се споредат со доаѓањето на десетици милиони камчатски краби, Црвената армија на Сталин“, заклучува Рамос.