Во Америка се продава играчка во вид на спецназовец кој личи на Путин

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Американскиот магазин EKIA Hobbies продава играчка – кукла во вид на припадник на руските сили за специјална намена кој потсетува на претседателот на Руската Федерација Владимир Путин.

Производител е компанијата UJINDOU.

„Припадник на руските сили за специјална намена ГРУ“, се наведува во називот на играчката. Притоа на сајтот не се споменува името на Путин.  Играчката се продава за речиси 165 долари (преку 12000 рубли). Во комплет со куклата на спецназовецот одат опрема, панцирен елек, АКС-74, бомби и млазен пешадиски пламенофрлач, како и други ситници.

Пред две години во фокусот на вниманието на руските корисници на социјалните мрежи беше плишена играчка во вид на претседателот на Русија Владимир Путин како јава мечка.