Пронајди и откопај: Поради навевите во Сибир автомобилите можеа да се препознаат само по покривите

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND
Службен паркинг за автомобили во Норилск (град на северот на Сибир) по силната виулица се претвори во еден огромен навев од снег.

На тамошната група на социјалната мрежа ВКонтакте се појави интересна снимка на која се гледа како вработените во една фирма буквално мораа да се впуштат во потрага која ја нарекоа „Пронајди ја и откопај својата кола“.

Кога дојдоа на паркингот, утврдија дека сите нивни возила се покриени со снег до покрив. Притоа снегот беше толку набиен и толку стегнат што по него можеше да се гази како по земја. На крај сопствениците на неколку автомобили успеаја да ги препознаат по карактеристиките познати само ним. Но, и после тоа не можеа тука-така да седнат и да возат, туку најпрвин се фатија за лопатите.