Роман Филипов
Русите собраа преку 650000 рубли (околу 9000 долари) за чистачот на улици Јура од Уфа (Република Башкортостан), за да може да си ги исплати долговите. Собирањето на средствата го организираше неговиот сосед, фотографот Роман Филипов. На својата страница на социјалната мрежа ВКонтакте Роман ја објави приказната за Јура и целата фото-сесија, вклучувајќи ја и неговата фотографија приредена за насловната страница на машкиот магазин GQ.
Роман Филипов
„Порасна во сиропиталиште и има инвалидитет од трети степен во врска со менталниот развој. Не е способен за самостоен живот”, пишува Роман.
Роман Филипов
Роман Филипов
Двајцата се запознале како деца во камп за деца со инвалидитет, каде што работела мајката на Роман, па така тој и неговиот брат таму го поминувале летото. Кога Јура пораснал, се вработил како чистач на улици и повремено ги посетувал Романовите мајка и баба, која потоа му помогнала да добие соба од државата.
Роман Филипов
Роман раскажа како Јура честопати бил жртва на измама поради својата наивност и лековерност. Измамниците трипати го навеле да им ја подари својата соба на „добри луѓе“ (успеале да ја вратат на суд), цели година дена го држеле како роб во село кај Уфа, а потоа го натерале да земе големи заеми во банките. Поголемиот дел од својата инвалидска пензија и платата морал да го дава за да ги исплати овие долгови, сé додека семејството на Роман не дознало за неговата приказна.
Роман Филипов
„Повеќето луѓе не го забележуваат, за нив тој е само прашина. Но тој не е виновен што му е таков животот. Не сме сите родени во исти услови и со исти можности“, напиша Роман.
Роман Филипов
И за само еден ден беа собрани околу 657000 рубли да се плати долгот, а приказната на Јура привлече многу внимание на рускиот интернет.
Роман Филипов
Роман Филипов
„Да имал малку повеќе обична среќа, навистина можел да се најде на насловната страница на GQ. Најпосле, секој би можел да му позавиди на добрината и силата на духот“, запиша Роман.