„Јакутската Елзаˮ испеа песна за суровата природа на минус 50 степени (ВИДЕО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Жителката на Јакутија Оксана Чупикова ја отпеа песната на Елза од цртаниот филм „Заледено кралство 2“ на ридот Чочур Муран на температура од минус 50 степени Целзиусови.

Зборовите на песната за „суровиот крај во море од мраз“ и реката која „памети сé“ одлично се вклопија во условите во кои беше испеана песната, а гласот на девојката потсетува на бојата на гласот на кралицата на Дизни.

За волја на вистината, „јакутската Елзаˮ пееше сосем кратко, затоа што почнаа да замрзнуваат и телефонот, и изведувачот, и снимателот. Оксана ја објави снимката на својот профил на „Инстаграм“.