Првото место го зазеде Татјана Акимова, која ја помина дистанцата од 7,5 километри за 22 минути и 30,7 секунди, со едно промашување при гаѓањето.
Legion Media
Втор резултат постигна Валерија Васнецова (стигнувајќи 9,8 секунди подоцна, со две промашувања). Трета на подиумот беше Анастасија Шевченко, која стигна 23 секунди по победничката, со беспрекорно гаѓање.
Меѓу првите 10 се најде уште една претставничка на Русија - Тамара Воронина, освојувајќи ја деветтата позиција. Таа стигна на целта 42,9 секунди по Акимова, со едно промашување при гаѓањето.