Новогодишен „касмет“: Сигнална ракета влета во стан во Саратов

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Жители на Саратов се вратија од новогодишните празници и открија на својот фрижидер остатоци од сигнална ракета, која што влетала во нивниот стан на 19 кат. Ова го соопштува агенцијата „Взгљад-инфо“.

„Не сфативме веднаш што се случило. Бевме во шок. Станот беше студен, на подот имаше пепел. Нешто ги имаше пробиено прозорците -тројниот на терасата и двојниот во кујната. Мојот сопруг помисли дека е огномет, но како може да има такви последици од огномет“, раскажа сопственичката на станот Наталија Чевтаева, пренесува ТВ „360“.

Подоцна на фрижидерот е пронајдена метална цевка, што се покажа дека е дел од сигналната ракета СХТ-40, која се користи за сигнализација во случај на хемиска тревога.

Еден од соседите слушнал татнеж првите денови од новата година. Полицијата ги зеде остатоците од ракетата, а Чевтаева напиша изјава во полицијата.