Руси во својот двор изградија реплика на Кеопсовата пирамида

Начин на живеење
НИКИТА ПЕТРОВ
Еден руски брачен пар во село оддалечено 12 километри од Санкт Петербург подигна реплика на Кеопсовата пирамида.

Што се однесува до димензиите, оригиналот сепак ја победува репликата. Откако еден блогер објави фотографии од градбата висока речиси девет метри, проектот го привлече вниманието на руските медиуми.

Тешка околу 400 тони, оваа пирамида е направена од бетон и е 19 пати помала од едното од седумте светски чуда. Како што се наведува, оваа градба ќе биде дел од комплексот чија цел ќе биде проучување на „влијанието на египетските градби врз физичката состојба на човекот“ од научна гледна точка.

Авторот на проектот Андреј Вахрушев рече дека настојувал да постигне, што се однесува до димензиите, сé да биде точно во сантиметар. За неговата сопруга Викторија, одамна фасцинирана од древниот Египет, изградбата на оваа пирамида е остварување на сонот. Таа смета дека подземните простории се идеални за медитација, додека дрвениот саркофаг исполнет со кварцен песок се користи за велнес-третмани.