ВИДЕО: Фестивал на огнометот го осветли небото над Санкт Петербург

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Во градот на Нева се одржа светлосно шоу во кое своето мајсторство го покажаа стручњаци од целиот свет.

„Господарите на огнот“ од целиот свет буквално ги запалија небото и земјата на Санкт Петербург, каде уште еднаш изгреа „Божиќната ѕвезда“ - фестивалот на огнометот, кој ги радува жителите на градот од 2018 година.

Грандиозното пиротехничко шоу, во кое во бура од светла танцуваа нежни балерини и играат во круг племенски шамани, го следеа гледачи од 140 земји. Сепак, оваа година, поради пандемијата на КОВИД-19, огромното мнозинство од нив ги следеа настаните на екраните дома.

Настаните покрај ѕидините на Петропавловската тврдина беа пренесувани онлајн, а на интернет истовремено за најдобри учесници гласаа и гледачите и професионалното жири - експерти за пиротехника од Кина, Шпанија и Германија.

Секоја светлосна претстава, осветлувајќи го небото со шарени светлосни комбинации, траеше околу пет минути. И секоја беше вистински спектакл. Погледнете и самите: