Министерот за природа на Улјановската област Гуљнара Рахматулина покрена иницијатива мачорот да се доведе во овој ресор, во кој е воведена неофицијалната функција заменик-министер за природа, соопшти службата за односи со јавноста.
Пресс-служба Минприроды Ульяновской области
Откако вработениот Михаил Тукаш го спаси мачорот нему и на директорот на „Горкомхоз“ им стигнаа бројни писма на благодарност за совесната работа и придонесот за зачувување на животинскиот свет. Мачорот го прегледаа ветеринари и утврдија дека неговата здравствена состојба е задоволителна. Животното беше третирано со средство против болви и треба да добие вакцини.
Пресс-служба Минприроды Ульяновской области
Приказната за овој мачор ги допре жителите на цела Русија, дури беше распишан и конкурс за избор на неговото име. Предлозите се примаат во Министерството за природа на Улјановската област.
Пресс-служба Минприроды Ульяновской области
Вреќата со мачорот беше забележана на лента со отпад во Улјановск. Животното по некое чудо го избегна сепараторот. Сопствениците на мачорот не стапија во контакт со Министерството. Повеќето време тој живее во холот, а местото во министерската фотелја многу му се допадна.