Лав Јашин е прогласен за најдобар голман во историјата магазинот „Франс Фудбал“ (France Football), кој го одбра за член на својот „Дрим тим“ заедно со Кафу, Пеле и Роналдо, се наведува на страницата на францускиот неделник.
Составот на оваа „екипа од соништата“ е резултат на гласањето на 140 специјализирани новинари од целиот свет. Овој легендарен играч на московски „Динамо“ и советската репрезентација беше избран со 22% гласови.
Мурал во чест на Јашин, во центарот на Москва (метро-станица Таганскаја)
varfolomeev/Visual HuntЈашин, роден 1929 година, со 813 службени натпревари во кариерата и понатаму е единствениот голман кој ја освоил „Златната топка“. Тоа се случи 1963 година, три години откако со Советскиот Сојуз го освои првото Европско првенство. Во 1956 година освои и златен медал на Олимписките игри.
Јашин почина 1990 година, а „Франс Фудбал“ минатата година ја нарече според него наградата што му се доделува на најдобриот голман на светот во сезоната. Првата награда ја доби Алисон Бекер, голман на „Ливерпул“ и бразилската репрезентација.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче