Гугл Транслејт автоматски го уфрла името на Путин во преводот на реченицата Thank you, Mr President

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Ако посакате да ја преведете на руски популарната англиска фраза Thank you, Mr President, преведувачот Google Translate, без многу размислување, го дава следниот одговор: Фала, Владимир Владимирович! Затоа што „Гугл“ знае: Путин е претседател на сите претседатели!

Во преводот ќе пишува Владимир Владимирович само кога реченицата на англиски има запирка и големи букви. Во останатите случаи преводот е буквален, односно „фала, господине претседателе“.

Корисниците на интернетот го забележаа тоа неколку часа по вчерашната голема конференција за печатот на Владимир Путин. Во претставништвото на компанијата „Гугл“ во Русија го велат следново. „Преведувачот на „Гугл“ ги анализира сите примери на превод на интернет. Некои чести шаблони можат да влијаат на нашиот систем. Им благодариме на корисниците кои ни укажаа на оваа грешка. Ќе се обидеме да ја поправиме“.