Иркутски пожарникари направија од снег Ми-26 во природна големина

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Припадници на Министерството за вонредни состојби во Иркутската област направија од снег хеликоптер Ми-26 во природна големина. Снимка од својата скулптура споделија на „Инстаграм“пренесуваат  руските медиуми.

На снежниот хеликоптер се испишани и сите потребни идентификациски ознаки.

Снежниот Ми-26 е поставен на шасија. На него е прицврстен и главен ротор со лопатки што се вртат на ветрот.

Скулптурата е изработена во склоп на натпреварот по повод 30-годишнината на Министерството за вонредни состојби на Русија.

Корисниците на социјалните мрежи коментираа дека снежниот хеликоптер изгледа „како вистински“.