Рускиот хакер Данил Охлопков ги симна од „Инстаграм“ и „Фејсбук“ сите ознаки на локациите поврзани со Москва. Така дојде до детални податоци за речиси секое место во градот, вклучувајќи ги и рестораните, трговските центри и парковите. На пример, можеше да ја процени популарноста на секое место, популарноста на некоја локација меѓу блогерите, како и просечниот број пријави на локацијата за некои кафулиња и ресторани.
Благодарение на овие податоци тој состави ранг-листа на најфотографираните локации во Москва и ги објави на сајтот vc.ru и на својот Телеграм-канал.
Парк „Горкиˮ (2,9 милиони објави на „Инстаграм“ и „Фејсбук“)
Москва-Сити (1,7 милиони објави)
Парк „Зарјадјеˮ (1,4 милиони објави)
Црвен плоштад (1,3 милиони објави)
Трговски центар „Европскиˮ (942 илјади објави)
Централна детска продавница на Лубјанка (922 илјади објави)
ВДНХ (862 илјади објави)
Парк Сокољники (757 илјади објави)
Московски државен универзитет (742 илјади објави)
Трговски центар „Метрополисˮ (741 илјади објави)
Статистиката за најпопуларните места за фотографирање во Москва Данил исто така ја претстави на картата на градот. Со црвена боја се обележани точките каде што луѓето многу се фотографираат, а со зелена – каде што помалку се фотографираат.
Освен тоа, тој направи видеоснимка на која се гледа бројот на пријави на различни локации во Москва во текот на денот.