Годинава лизгалиштата во Москва поради пандемијата се отворија подоцна од обично и со одредени ограничувања. Меѓутоа, граѓаните и посетителите на градот нема да останат без својата омилена зимска забава.
Кирил Зиков/Moskva Agency
Годинава ќе бидат отворени околу 1500 лизгалишта, вклучувајќи ги и оние познатите во паркот „Горки“ и ВДНХ, како и оние помалите на простори надвор од центарот од градот. Сите се различно украсени.
Кирил Зиков/Moskva Agency
Едно од најголемите лизгалишта во Москва, она во ВДНХ, годинава е украсено на тема Антарктик во чест на 200-годишнината од откривањето на овој континент. Насекаде има пингвини!
Кирил Калиников / Sputnik
Лизгалиштето во паркот „Горки“ го носи името „Навигатор“ и тематизира пет руски „чуда“: светилникот Мурманск, планината Елбрус, Златниот мост во Владивосток и дворецот Ластовичкино гнездо на Крим. Тука има и многу штандови со храна, каде посетителите можат да се окрепат по лизгањето!
Сергеј Карпухин / TASS
Лизгалиштето во близина на ГУМ на Црвениот плоштад за посетителите подготви забава со песни од познати советски филмови и цртани.
Алексеј Мајшев / Sputnik
Влезниците можат да се купат само на интернет, а вообичаените физички билетарници оваа сезона нема да работат.
Вјачеслав Прокофјев / TASS
На бесплатните лизгалишта посетителите можат да влезат само со QR-код кој можат да го преземат на интернет. Ако на мразот има премногу луѓе, управата привремено ќе го затвори влезот.
Сергеј Карпухин / TASS
Московските лизгалишта се отворени секој работен ден од 10 до 22 часот, а во викенд до 23 часот.
Алексеј Мајшев / Sputnik
Целиот инвентар се дезинфицира. Посетителите внатре во гардеробите ќе мораат да носат маски и ракавици.
Кирил Зиков/Moskva Agency
Луѓе со висока температура нема да можат да влезат на лизгалиште. Додека се на лизгалиште, посетителите нема да мораат да носат маски.