Грдосијата „Папа“ против „Пељменот“, рускиот крал на шамарите: Судар на соперници тешки 371 килограм

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Што може да се очекува кога во рингот ќе се најдат познатиот земјоделец и удирач на шамари Васја Пељменот и Денис Виљданов, горостасот од 200 кг наречен Папа (односно „тато“)? Земјoтрес од најмалку осум степени според Рихтер? Во секој случај тешките соперници во историјата на боксот или ММА во Русија сé уште не се сретнале! Не пропуштајте!

Руските непрофесионални ММА-борци собираат прегледи не само по пат на брутални изјави, туку и благодарение на навистина необични и возбудливи борби. Неодамна на каналот Punch Club се појави снимка од борба меѓу Василиј Камоцки наречен Пељмен и Денис Виљднов наречен Папа. Тука е забележан и еден рекорд на руски терен кога се работи за борби со голи раце според вкупната тежина на двајцата соперници. Имено, Камоцки е тежок 173,2 килограми (и висок 180 см), а Виљданов 197,7 килограми (и висок 191 см).

30-годишниот Василиј Камоцки е земјоделец, живее во градот Илански, околу 250 километри од Краснојарск. Во март минатата година го посети фитнес-фестивалот во Краснојарск за да се фотографира со познатиот кревач на тегови Кирил Саричев. Таму се одржа и шампионат во шамарање. Камоцки, тежок 170 килограми, не планираше да учествува, меѓутоа, другарите го наговорија. Василиј победи, кутнувајќи како од шега неколку конкуренти. Саричев беше импресиониран, му го даде прекарот Пељмен на Камоцки и го покани во Москва. Василиј во тоа време имаше 500 следачи на „Инстаграм“, но по победата на турнирот надмина 10000, а сега ги има 174000.

Камоцки беше постојан учесник во проектот „Камени лица“ на блогерот Амиран Сардаров. По завршувањето на проектот, почна да се тепа со голи тупаници во проектот на Кирил Саричев Punch Club. Најпрвин го нокаутираше Сергеј Поштак Сатанистот, кого година дена порано не можеше да го совлада во борба со шамари (беше нерешено), а потоа го победи со одлука на судиите кај Корнеј Тарасов. Во детството Камоцки се занимавал со бокс, при што одел во иста секција во која некое време тренирал и сегашниот шампион на UFC во најлесната категорија Петар Јан.

33-годишниот Денис Виљданов исто така се прослави на „Јутјуб“ благодарение на шамарите. Учествуваше во „Камени лица“, се бореше со Сатанистот и го патосираше со првиот удар. Во непрофесионалните ММА-борби дебитираше на каналот „Битва за хајп“, соборувајќи го во 20 секунда на првата рунда фитнес-тренерот Арнолд Величко, тежок 146 килограми.

Грдосија од човек во октагонот: Русин од 212 кг го успива соперникот за 7 секунди! (ВИДЕО)

Следеа повреди, нови победи, пораз од Александар Курич на Punch Club. За тоа време симна околу 20 килограми. Денис порано играл рагби, се занимавал со кревање тегови, влечел возови во шоу-програми со снагатори. Како за некого без основна обука во боречки вештини Виљданов во рингот се чувствува многу самоуверено.

А како си поминаа во рингот Пељменот и Папа и кој победи, погледнете овде (од 25 мин): youtube.com/Punch Club