Секој што имал среќа да ја посети Русија надвор од вообичаените туристички маршрути, веројатно се запрашал зошто некои места во најголемата земја на светот се толку сиви.

Антон Денисов / Sputnik

Serguei Fomine / Global Look Press

Legion Media
Оние што ги виделе типичните советски станбени населби знаат за што зборувам.
Pavel63 (CC BY-SA 4.0)
Некои од овие фотографии изгледаат како да се изменети во Фотошоп, а воопшто не се.
Се чини дека тоа збунува многумина странски туристи кои навикнале околу себе да гледаат свет со многу повеќе бои. Зошто, се прашуваат тие, Русија е толку сива? Ова се некои објаснувања!
Утилитарна архитектура
„Русите имаат не многу долга историја на утилитарна архитектура (на пример, ефикасно натрупани коцкести сиви блокови). Затоа, дури и ако улицата е чиста, а зградите се одржани, тоа сепак изгледа прилично бедно“, вели еден корисник на сајтот Редит, обидувајќи се да го објасни општото сивило во Русија.
Public domain
На извесен начин тој има право. Поголемите делови од Русија кои изгледаат сиво се такви токму поради утилитарната советска архитектура.
По војната Советскиот Сојуз се соочил со проблемот на пренаселеност на градовите и со голем недостиг од станбен простор поради миграцијата на селското население во градовите.
Legion Media
Во почетокот на педесеттите години од минатиот век советските власти решиле проблемот со живеалиштата да го решaт така што ќе изградат голем број евтини и унифицирани згради од бетонски панели. Тие во историјата имаат влезено под називот „хрушчовки“, по еден од советските лидери Никита Хрушчов.
Timur Mamedrzajev (CC BY-SA 3.0)
Економичните „хрушчовки“ ефикасно го решиле проблемот со живеалиштата, но притоа создале некои тешкотии кои не се решени до денес.
„Масовните облакодери во кои живее поголемиот дел од населението се наменети за живеење, но за ништо друго. Кога ќе замине од станот, жителот на станбениот реон сака што поскоро да го напушти, да замине во центарот или во најблискиот трговски центар или во некој забавен центар. Тоа е добропозната зависност меѓу миграцијата и сообраќајниот метеж“, објаснува во една статија објавена во 2016 година Виталиј Стадников, вонреден професор на Високата школа за урбанизам при Националниот истражувачки универзитет „Виша школа за економија“.
Максим Блинов / Sputnik
„Хрушчовките“ ја постигнаа својата цел, но притоа создадоа голем број други станбени проблеми. Пред сè направија Русија да потоне во сивило.
„Станбените реони со облакодери му нанесуваат на градот огромна штета. Тие прават мачно и депресивно опкружување“, вели експертот.
Индустријализација
Марија Никитич / Sputnik
Многу луѓе забележуваат дека некои места во Русија се посиви од други. Можеби причината лежи во тоа што овие места имаат фабрики, нешто што наизглед го прави опкружувањето многу помалку привлечно.
Елена Чернишова
Во Русија постојат градови чија единствена намена е да одржуваат извесно индустриско производство. Таков е, на пример, познатиот затворен град Нориљск, познат по суровата клима, во која поларната ноќ трае повеќе од еден месец, а летото е кусо, тлото е покриено со снег до крајот на пролетта. Тој е направен вештачки во триесеттите години од минатиот век, кога советската власт одлучила да ги истражи и да ги експлоатира богатите наоѓалишта на минерали во овој регион. Оттогаш Нориљск е центар на руското рударство и металургија.
Елена Чернишова
Серијата фотографии од Нориљск „Денови на ноќта – Ноќ на деновите“ зборуваат за секојдневието на жителите на Нориљск (2.880 километри североисточно од Москва), рударски град во поларниот појас со над 170.000 жители.
Денис Когевников / Global Look Press
На севкупниот изглед на градот влијае и загадувањето. Небото инаку е често сиво, а долгите поларни ноќи не ја олеснуваат ситуацијата.
Згора на тоа додајте ја неинвентивната советска утилитарна архитектура и ќе ви стане јасно зошто некои места во Русија се толку сиви.
Сурова клима
Дури и инаку мошне убавите руски градови понекогаш изгледаат сиво и апатично. На пример, Москва или Санкт Петербург, двете најпознати туристички дестинации во Русија. Назима тие се прилично тмурни, зашто сончевите зраци ретко се пробиваат низ облаците.
Михаил Воскресенски / Sputnik
Во декември 2018 година Москва забележа само шест минути сончева светлина за цел еден месец! Останатото време ја покриваа облаци. Инаку, просечното траење на сончевото време во декември во руската престолнина изнесува само 18 часа за еден месец.
Две непишани правила за секој жител на Санкт Петербург зборуваат многу: облекувајте се постојано во сиво и секогаш носете чадор.
Во Русија има и градови во кои сонцето не се појавува повеќе од еден месец.
Сергеj Ермохин
Земете го ова предвид кога следниот пат ќе се запрашате зошто некое место во Русија понекогаш изгледа толку сиво.