Русин му даде на синот име Маркетинг и стана таткото на Маркетинг

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND
Стручњакот од областа на маркетингот од рускиот град Пенза Дмитриј Банчуков му го даде на синот името Маркетинг и стана таткото на Маркетинг, за што напиша на својот профил на „Инстаграм“.

„Решивме да му го дадеме на синот името Маркетинг. Така сега официјално сум татко на Маркетинг“, напиша Банчуков.

Тој додаде дека кум на детето би можел да биде некој од познатите стручњаци од областа на маркетингот, вклучувајќи го и американскиот економист Филип Котлер.

„Кумот на Маркетинг исто така звучи супер“, додаде овој руски стручњак. „Мислам дека Маркетинг го чека среќна иднина и дека кога ќе порасне дефинитивно ќе има искуство во менаџирање“.