10 идеи за подарок во руски стил

WWF Russia; Legion Media; Russia Beyond
Сезоната на празници е пред нас и време е да подготвиме подароци за членовите на семејството и пријателите. Еве неколку креативни идеи како можете да ги изненадите. Сигурни сме дека ќе им се допаднат.

1. Вотка и кавијар

Овие два збора за Русите се синоним за секој празник. Вообичаениот празничен „комплет“ во Русија опфаќа стандардна руска „жестина“ и кавијар, по можност црн, но може и црвен (во секој случај е поевтино). Кавијар можете да најдете во сите руски прехранбени продавници. Тој е идеално средство да ве доведе во инспиративно расположение и во тој поглед не заостанува зад шампањот.

2. Шапка „ушанка“

Што може да биде подобар зимски подарок? Традиционалната руска шапка добро одговара со секој неформален стил на облекување. На „Асос“ можете да набавите попрефинети варијанти, додека обичните ушанки од советски крој лесно се пронаоѓаат преку „Алиекспрес“.  

3. Лего-коцки „Кремљ“

Ви недостигаат патувања? Тогаш во својата соба можете да направите цел мал Кремљ или црквата „Василиј Блажени“. Правењето некоја руска градба може да биде убава забава во текот на празничните денови. Видовме неколку комплети на Амазон, но сигурно се доступни и на други платформи.

4. Руски книги

Ние, Русите, велиме дека книгата е најдобар подарок. Па ако не знаете што да подарите, секогаш можете да се одлучите за руската литература.

5. Пропаганден порцелан

Порцелански фигури, садови и сервиси за чај се извонреден подарок. Една од најстарите руски фабрики „Императорски порцелански завод“ поседува голем број тематски предмети. Еден од најинтересните жанрови е пропагандниот порцелан од времето на болшевичката револуција. Или можеби сакате шолја со слика од Малевич? Ништо полесно! Инаку, компанијата има продажни партнери ширум светот. Пронајдете го најблискиот.

6. Храна

Најдобар подарок (освен книгата) е нешто што самите ќе го направите. Можете ли да си замислите како ќе се воодушеват вашите пријатели кога ќе ги послужите со руско јадење што самите сте го направиле? Препорачуваме „харинга во бунда“ или „руска салата“ (која Русите, инаку, ја викаат „салата Оливје“) или било кое друго необично руско јадење. Погледнете ја нашата рубрика Кујна и пронајдете инспирација.

7. Маска со руски мотиви

Неизбежен аксесоар годинава е маската за лице. Дали ви здодеаја нивните еднолични бои? Тогаш одберете една убаво дизајнирана маска: со руски кукли-матрјошки или слатки мечиња. Ова се некои опции достапни за нарачки ширум светот.

8. Руски слатки

Секое дете во Русија за Нова Година добива килограм бомбониери, така што овој вкус на омилените слатки подоцна во текот на целиот живот го потсетува на празници. Фабриките „Црвениот октомври“, „Бабаевски“ и „Крупска“ спаѓаат меѓу најпопуларните, а нивните производи можете да ги набавите во сите руски продавници во големите градови ширум светот.

9. Парфем „Црвена Москва“ (Красная Москва)

Во советско време Нова година мирисаше на мандарини и маминиот или бабиниот парфем што се користеше само за свечени пригоди. „Црвена Москва“ има незаборавна и интересна арома. (Го најдовме на „Ибеј“, но сигурно е достапен и на друго место).

10. Претплата за руски филмови на „Нетфликс“

Претплата на „Нетфликс“ е добар подарок и покрај тоа што нема никаква врска со Русија. Меѓутоа, можете да нагласите дека на личноста ѝ подарувате за гледање нови и фантастични руски филмови и серии. Ова е списокот на руски филмови од 2009 до 2019, а не заборавајте да ја погледнете и серијата „Епидемија“ за смртоносна заразна болест што ја зафаќа Москва (по препорака дури и на Стивен Кинг).

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња