Во Сибир кучињата носат заштитни маски

Начин на живеење
ИГОР РОЗИН
Пес со заштитна маска е виден во рускиот град Новосибирск.

На руската социјална мрежа ВКонтакте се појави фотографија на јоркширски териер со маска, со коментар дека од коронавирусот се плашат не само луѓето, туку и животните.

Фотографијата се појави во група посветена на Новосибирск, соопштува државната радиотелевизиска куќа „Новосибирск“ во програмите „Русија 1“ и „Русија 2“.

Животното е фотографирано во една продавница во сибирскиот град Новосибирск.

Ветеринарите наведуваат дека ваквиот начин на обидување да се заштитат домашните миленици може да биде опасен, затоа што малиот пес под маската може да се задуши.