Фјодор Емелјаненко најави можен крај на кариерата поради пандемијата

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
„Последниот император“, рускиот борец Фјодор Емелјаненко можеби ќе ја заврши кариерата поради неможноста за време на пандемијата на коронавирус да учествува во борби. 44-годишниот борец претходно изјави дека следната борба ќе ја има летото 2021 година.

За завршување на кариерата Емелјаненко зборуваше во интервјуто за ТАСС.

„Да, постои таква можност“, одговори Емелјаненко на прашањето на новинарот.

Претходно тој соопшти дека следната борба можеби ќе ја има летот 2021 година во Москва.

44-годишниот спортист досега во кариерата има 39 победи и шест порази.