„Најсилниот човек на Русија“ повлече „Боинг“ и постави нов рекорд (ВИДЕО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Во четвртокот, 5 ноември 2020, спортистот Елбрус Нигматулин на аеродромот во Уфа повлече патнички авион Boeing 737-500 на компанијата Utair тежок 36 тони. Помина 25 метари за 44,58 секунди.

Ова е нов рекорд на носителот на титулата „Најсилен човек на Русија“ во дисциплината Truck-pull за снагатори, пишува РБК. Според информациите на овој портал, Елбрус Нигматулин го посвети своето достигнување на покојниот градоначалник на Уфа Уљфат Мустафин.