Модел и градежник: Запознајте ја необичната четириесетгодишна Русинка Надежда

Lumpen Movies; Тебе всё можно
Како градежникот Надежда се трансформира во модел и го менува циркуларот со модната писта.

Поставувам ламинат некаде, во прав и валканици. Ми се јавуваат од агенцијата. Велат, подготви се, леташ за Минск, на снимање на филм. Ќе се истресам, ќе се измијам, ќе променам облека и тргнувам. Ме земаат под свое, ме облекуваат, шминкаат. Велат дека ќе морам да научам песна на странски јазик. А јас тукушто го оставив циркуларот од раце, така изгледа еден ден на рускиот модел, четириесетгодишната Надежда Лертуло (вистинско презиме Зеленова).

Во детството никогаш не размислувала за моделинг. На родителите на Надежда им се одземени родителските права кога имала само една година. Детството го поминала во два интерната, каде што играла фудбал и кошарка. Според неа, била полничка, со ситни очи. Поради необичната надворешност на училиште наидувала на негативни коментари од врсниците.

„Ме викаа „лисеста“ и „дебела“. Научив да не обрнувам внимание, но сепак се секирав. А моите врсници дури и се плашеа од мене, затоа што лесно можев да одговорам“, се присетува моделот.

Двапати од интернатот ја праќаат на психијатрија. Еднаш по грешка на лекарската комисија, а вториот пат по одлука на воспитувачката. Таа ги решаваше конфликтите на чуден начин, заминуваше, се правеше дека сме ја разочарале и божем плачеше. „Јас немав конфликти со неа, но не ме сакаше. Сфати дека знам колку вредам, како и своите права. Сепак, имав 15 години“.

По интернатот на Надежда ѝ е понудено да го продолжи школувањето во градежничка или школа за кроење и шиење. Бидејќи умее да шие, ја избира првата солуција. Во текот на школувањето живее во дом, а во слободно време се занимава со молерај за да заработи за храна и облека.

Многумина од моите наставници ми зборуваа: „Не ни е јасно зошто седиш на училиште кога веќе знаеш сé. Имам љубопитен дух, сакам да проникнам во секое нешто до крај. Одлично ми одеше геометријата, вклучувајќи ја нацртната, но и физиката“, изјави таа во интервју за онлајн-магазинот Wonderzine.

По завршувањето на училиштето Надежда се преселува во станот што го наследува од родителите и продолжува да работи како градежник.

Некои мои клиенти им раскажуваа на познаниците за мене и за тоа како можам брзо да срушам помошни објекти применувајќи ги законите на физиката и неколку сајли. Тие беа подготвени да се запознаат со мене, прашувајќи се како тоа една жена руши објекти, открива Надежда.

На 37 години заминува во Швајцарија во посета на другарка која е воодушевена од нејзиниот изглед и спортската градба и затоа ја фотографира. Надежда решава да ја испрати фотографијата во првата руска агенција за неконвенционални модели Lumpen за која дознава од пријател-сликар. По некое време ја повикуваат на кастинг...

Во текот на речиси четири години соработка Надежда учествува на париската ревија Vetements, станува модел за долна облека за брендот My Dear Petra, се фотографира за руски модни магазини меѓу кои се и Elle Russia и Flacon Magazine.

Во наредниот период планира да покрене на „Јутјуб“ свој канал посветен на реновирање станови, наменет за жени и да ја напушти работата во градежништвото.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња