„Мисијата е исполнета“: Нурмагомедов изјави дека е среќен што ја напушта UFC

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Хабиб Нурмагомедов се врати во Махачкала и веднаш им изјави на новинарите дека ја исполнил својата мисија во UFC и дека си оди кога е на врвот на кариерата.

„Дејна Вајт сака да продолжам да се борам, да заработувам пари. Ова е врвот на мојата кариера, би заработил големи пари во борби. Но, среќен сум што одлучив така и сметам дека ова е вистинското време да ја завршам кариерата“, рече Нурмагомедов. 

Хабиб истакна дека не секој борец е во состојба да ја заврши кариерата на врвот, а тој го стори тоа и додаде дека по година или две сеедно ќе морал да донесе таква одлука. Но, сега знае дека во тој спорт му нема рамен.  

„Од денес сум на првото место на борци независно од категоријата. Мојата мисија е исполнета“, рече рускиот борец.

Хабиб Нурмагомедов на 24 октомври ја одржа својата 29 победа во низа во кариерата во мечот против Џастин Гејџи и го напушта спортот без пораз.