Александар Емелјаненко
Dmitrij Golubovič/Russian Look/Global Look Press„Со оглед на тоа дека Хабиб ѝ ветил на мајка си дека повеќе нема да се бори, можно е навистина да се повлече од рингот. Нурмагомедов веќе победуваше и неколку пати го одбрани појасот, докажувајќи им на сите дека не е само првак. Се разбира, не може да се нарече најголемиот борец во UFC. Најпосле, имаше и такви кои држеа појаси во неколку категории и оние кои ги бранеа насловите во тешка категорија. Хабиб Нурмагомедов е само добар борец.
Да сум на негово место, не би брзал, добро би размислил за сé, би разговарал дома со мајка си. Па да ги достигне барем тие 30 борби, уште еднаш да го одбрани насловот. Ми се чини дека многу рано го објави своето заминување. Можно е да не се повлече и уште да се бори. Тоа е кажано во жарот на моментот. Нурмагомедов во својата категорија нема пандан. Уште е млад. Може уште многу пати да го одбрани насловот. Многу борци го напуштаа спортот и се враќаа. Дури и Фјодор објави дека повеќе нема да настапува, но сепак се бореше потоа.
Ако Нурмагомедов сепак си замине, ќе ми најдат работа во Дагестан. Ако не таму, тогаш во Америка. Хабиб се обезбеди до крајот на животот. Негово е со што ќе се занимава. Многумина борци се ужасни тренери. Не знаат што да прават, како да објаснат, им викаат на момчињата. Доаѓа некој нов, кој тренира едвај една година, а тренерот му се дере, само го пцуе“, рече Александар Емелјаненко, пренесуваат руските медиуми.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче