Хабиб Нурмагомедов отвара мрежa школи во чест на својот татко

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Шампионот на UFC Хабиб Нурмагомедов и рускиот Универзитет „Синергијаˮ планираат отварање на мрежа школи за боречки вештини ширум Русија.

Боречко самбо, борење во слободен стил, греплинг, ММА, тајландски бокс – наскоро основната методологија на овие боречки вештини ќе почнат да ја совладуваат илјадници млади спортисти.

Ширум земјата врз основа на франшиза ќе бидат отворени школи кои ќ его носат името на Абдулманап Нурмагомедов. Површината на салите за тренирање ќе биде најмалку триста квадратни метри за да можат да примат најмалку сто ученици. Обуката на тренерите во регионите ќе ја надгледуваат борци на махачкалската школа која ја основа легендарниот тренер.

На Нурмагомедов помладиот во меѓувреме му претстои едно од најтешките искушенија: првпат по смртта на татка си да се врати во октагонот и да ја одбрани титулата апсолутен шампион. Борбата меѓу

Нурмагомедов и Џастин Гејџи на „Боречкиот остров“ во Абу Даби ќе се одржи во ноќта меѓу 24 и 25 октомври.