Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на агенцијата „Интериумˮ, пренесува весникот „Комсомолскаја правда“.
Коефициент што ја изразува зачестеноста на употребата на непристојна лексика на 10 илјади жители за градот Дно изнесува 1786,05. На второто место е Краснодар со дури 13 пати помал коефициент од 131,87, а на третото Москва со 111,37.
Потоа следа Калининград (109,3), Санкт Петербург (105,22), Анапа (88,6), Мурманск (84,35), Ростов на Дон (83,92), Петрозаводск (82,28) и Владивосток (79,25).
Стручњаците од „Интериумˮ истакнуваат дека во споредба со минатата година во годинашното истражување меѓу првите десет избиле мегалополисите и големите градови, потиснувајќи ги помалите градови. Тие сметаат дека причината лежи во пандемијата која жителите на големите градови тешко ја поднесуваат и која е проследена со финансиски потешкотии. Затоа своите фрустрации почесто ги изразуваат со пцости преку социјалните мрежи.
Аналитичарите укажуваат на тоа дека и разновидноста на пцостите се зголемила. Бројот на вулгарни зборови во оптек на социјалните мрежи годинава е поголем за 91.
Во 2019 година коефициентот што ја изразува зачестеноста на употреба на непристојна лексика во градот Дно беше 1138,7 на 10 илјади жители. На второто место тогаш беше Краснодар (89,56), на третото Кунгур (73,77). Меѓу првите десет се најдоа и Москва (69,77), Ачинск (69,27), Калининград (67,45), Санкт Петербург (67,11), Владивосток (62,74), Котлас (61,39) и Калуга (57,41).