Руската нискобуџетна авиокомпанија „Победа“ во сопственост на „Аерофлот“ на официјалниот портал за јавни набавки објави тендер за набавка на три илјади тренажери за вежбање на мускулите на лицето и насмевката Silicone face slimmer или негови еквиваленти.
Aliexpress
Тренажерите се во вид на надуени силиконски усни кои се ставаат на устата и притоа се изговараат согласките и самогласките. На тој начин, според зборовите на продавачот, тренажерот доведува до јакнење на мускулите на лицето, отстранување на брчките околу очите и постигнување на рафинирани контури на лицето.
Тренажерите се продаваат на сајтот „Алиекспрес“ по цена од 2,7 долари. Компанијата е подготвена за три илјади парчиња да плати 540 илјади рубли или 6940 долари. Од „Победа“ напоменуваат дека Silicone face slimmer ќе го користат учениците во нивното училиште за стјуардеси и стјуарди заради вежбање на насмевката.
Aliexpress
„Совршената насмевка на стјуардесите и стјуардите е наш стандард. Ние се развиваме, а сите тренажери се индивидуални. Со оглед на стратегијата за раст имаме голем број курсанти во нашата школа. Сакаме со вештината на широката насмевка да завладеат сите кои ја поминале нашата обука, без исклучок“, се наведува во соопштението за медиумите на компанијата „Победа“.