КАКО ПУТИН ГО СЛАВИ СВОЈОТ РОДЕНДЕН?

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND

На 7 октомври 2020 година претседателот на Русија Владимир Путин наполни 68 години. Неговиот портпарол истакна дека Путин најголем дел од денот ќе го мине на работа. На работа ќе има над десет меѓународни телефонски разговори, а навечер ќе се сретне со пријателите и роднините. Еве како Путин го одбележуваше својот роденден порано и какви подароци има добиено.