На подрачјето на Камчатскиот крај ќе биде воведено Министерство за среќа, изјави губернаторот на регионот Владимир Солодов.
„Важно ми е да го остварам тој премин, да избегам од министерствата на „навредените и несреќните“, ги наведува зборовите на губернаторот службата за односи со јавноста на владата.
Според Солодов, властите продолжуваат да се занимаваат со луѓето кои се наоѓаат во сложена ситуација, меѓутоа главната задача ќе биде тие да станат задоволни.
„Треба да ги направиме среќни, да не се занимаваме само со проблемите кои ги мачат, туку и со тоа луѓето да станат задоволни“, рече тој.
Солодов стапи на функцијата губернатор на Камчатскиот крај на 21 септември по што започна реформа на структурата на владата на регионот.