На рускиот остров Сахалин мечка собори дрон што ја снимаше

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND
Сахалински фотограф остана без беспилотно летало додека снимаше мечки на брегот на Охотското море. Сергеј Љубајленко го опиша возбудливиот настан на својата страница на „Инстаграм“.

Тој исто така ја објави последната видеоснимка од дронот. На снимката се гледа како мечката јаде риба на брегот и во моментот кога го забележува дронот скокнува обидувајќи се да го собори со шепата. Сопственикот на дронот успева, меѓутоа, да реагира на време и да го оддалечи дронот од ѕверот.

Снимена е само една мечка, меѓутоа, до неа имало уште една. Според Љубаченко, снимката е направена на далечина од околу 300 метри.

„Утредента повторно отидов да ги снимам мечките, но овој пат немав среќа. Додека ја снимав едната, другата сепак го докачи дронот, не сфатив со што, меѓутоа останав без дронот“.