Путин предложен за Нобелова награда за мир

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Рускиот писател Сергеј Комков соопшти дека на 10 септември го предложил претседателот на Русија Владимир Путин за Нобелова награда за мир 2021 година.

„Процесот по поднесувањето на мојата пријава до Нобеловиот комитет веќе започна! И никој не може да го запре“, напиша Комков на својата страница на „Фејсбук“.

„Денес ова е фактички мојата четврта пријава за Нобеловата награда за мир. Таа е испратена на 9 септември оваа година, а на 10 септември пријавата ја прими Нобеловиот комитет за мир во Осло во седиштето на Нобеловиот комитет“, рече Комков на конференцијата за новинарите „За номинирањето на претседателот на Русија Владимир Путин за Нобелова награда за мир 2021 година“.

Академикот додаде дека внимателно го следел патот на препорачаното писмо и напомена дека веднаш по приемот на руската пријава американската страна го номинираше претседателот на САД Доналд Трамп.