Хабиб Нурмагомедов му се обрати на Златан Ибрахимовиќ

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Актуелниот шампион на UFC во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов го праша напаѓачот на фудбалскиот клуб „Милан“ Златан Ибрахимовиќ дали умее да се брани од соборување.

„А каков си во одбрана од соборување со зафат, Златан?“, напиша рускиот борец на „Инстаграм“, објавувајќи во приказна (Instagram story) линк до видеото „Ибрахимовиќ спектакуларно со свртување ја праќа со нога топката во мрежа“.

Златан Ибрахимовиќ има црн појас во теквондо и е голем поклоник на мешаните боречки вештини. Покрај тоа, познатиот фудбалер тренира кик-бокс и карате.