Руски пензионер „стопи“ речиси 10 кг за 5 часа

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Шеесетиосумгодишниот Багама Ајгубов од дагестанското село Муги изгуби 9,3 килограми во текот на пет часа трчања и на тој начин влезе во Книгата на рекорди на Русија.

Здравствената состојба на Багама Ајгубов ја следеа лекари. По завршеното трчање тие направија контрола на неговиот крвен притисок за кој се покажа дека е нормален, а рекордерот се чувствуваше добро. Ова на „Инстаграм“ го соопшти регионалното министерство за физичка култура и спорт.

Пред почетокот на трката ветеранот на дагестанскиот спорт, освојувач на медали на првенствата на Русија, Европа и светот во разни видови боречки вештини меѓу ветераните ја помина процедурата на мерење, при што вагата покажа 88 килограми.

На Багама Ајгубов не успеаја да му попречи ни времето во постигнувањето на целта. На почетокот на овој стоматолог по професија сонцето му одеше од рака, а потоа над стадионот надвиснаа облаци, а тој мораше да продолжи да трча на дожд.