Зелени „облаци“: Инвазија на инсекти во Краснојарск (ВИДЕО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Најголемата концентрација на инсекти е забележана во центарот на градот.

Денеска улиците на Краснојарск беа преплавени од роеви ситни зелени инсекти. Жителите објавуваат на интернет видеоснимки на кои се гледаат „облаци“ од зелени бубачки. Најмногу инсекти беа забележани во центарот на градот, како и во населбите Покровско и Северно и Зелена Рошча, а исто така и во близина на трговскиот центар КрасТЕЦ.

Според стручњаците, тоа можат да бидат крилести растителни вошки кои мигрираат сега. Поради енормно високите температури во септември дојде до нивно масовно размножување.

Во прашање е крајно ретка појава. За масовното размножување придонесоа топлата рана пролет и влажното лето, пишува порталот Дела.ru.