Лос се шеташе по улиците на Москва, јадеше јаболка и се криеше од полицијата (ВИДЕО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Според зборовите на мештаните, лосовите станаа чести гости на московските населби.

Ова крупно диво животно се шеташе меѓу зградите во московската станбена населба Перово, а потоа ја претрча улицата и го привлече вниманието на полицијата.

Очевидци го снимија со камера залутаниот лос. Најпрвин тој забележа јаболкница во дворот на една зграда во Првата владимирска улица и малку касна. Потоа ја помина улицата на место каде што нема пешачки премин. За среќа, возачите на време го видоа и го пропуштија. Животното беше забележано и во Перовската улица меѓу зградите, а и во близина на училиштето. Подоцна беше фатено и вратено во природа. Според зборовите на локалните жители, лосот често навраќа во оваа населба. Се претпоставува дека доаѓа во градот од Измаиловскиот парк.