„Само уште овој пат“: Снимен руски воз кој поминува среде двор (ВИДЕО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Еден очевидец сними од прозорецот воз кој минува низ двор и видеото го објави на интернет.

На снимката се гледа како еден зелен воз се движи бавно по пруга поставена среде двор. Ете како се градат згради кај нас, железничка пруга на средината, а парни локомотиви поминуваат низ двор. „Тоа е Дагестан“, ја коментира снимката нејзиниот автор.

Како што се покажа, овој железнички крак одамна не работи, меѓутоа локалните власти сé уште не го демонтирале, и покрај најавите. Како што се наведува, возот од снимката поминал низ дворот само еднаш, за да можеле работниците да истоварат градежен материјал.