Русин постави светски рекорд во брзинско искачување на Елбрус

Илустрација

Илустрација

Legion Media
Во петокот, 4 септември, Русинот Евгениј Марков постави нов светски рекорд во најбрзо искачување на врвот Елбрус во Кабардино-Балкарија. Спортистот ја освои највисоката точка во Европа од полјаната Азау на височина 2300 м до западниот врв на планината - 5642 метри.

На Марков му беа потребни само 3 часа и 12 минути да се искачи, пишува „Росијскаја газета“.

„Беше поставен светски рекорд во искачување на Елбрус. Денес рускиот спортист Евгениј Марков се искачи од полјаната Азау до западниот врв на Елбрус за 3 часа и 12 минути. Виталиј Шкел заостана зад него само за 2 минути. Потоа Шкел се искачи до вториот врв и се симна надолу. Му требаа 4 часа 53 минути 32 секунди за да се искачи на западниот и источниот врв на Елбрус од Азау и обратно“, напиша Евгениј Колчанов, директор на меѓународниот фестивал за екстремни спортови Red Fox Elbrus Race, на својот профил на „Фејсбук“.

И двајцата руски спортисти го урнаа претходниот рекорд во брзинско искачување што го држеше Полјакот Анџеј Баргиел. Во август 2010 година тој се искачи на врвот за 3 часа 23 минути и 37 секунди.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња