Архитектонското ателје на реномираната уметница Заха Хадид го доби тендерот за проектирање на станица на московското метро на новата Голема кружна линија, која во моментов е во изградба.
Zaha Hadid Architects
Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин најави дека работниот назив на станицата ќе биде „Кленов булевар 2“ и дека ќе се појави до 2023 година во јужниот дел на градот, покрај паркот на музејот Коломенское.
Zaha Hadid Architects
Zaha Hadid Architects
Горниот хол на станицата ќе има проѕирна конструкција со многу природна светлина. „Станицата ќе биде проѕирна и елегантна. Нејзиниот клучен елемент ќе биде светлината, која во нашата клима никогаш ја нема доволно“, додаде Собјанин.