Како ли му успева?! Магионичар изведува трикови со Рубикова коцка во московското метро (ВИДЕО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Патниците на московското метро забележаа магионичар во еден од возовите и го нарекоа Дејвид Блејн.

Видеото со него е објавено на твитер-профилот „Дивата Москваˮ.

На снимката тој им покажува на патниците Рубикова коцка, потоа ја става во хартиено кесе, пукнува со прстите и од кесето вади сложена коцка.

Тоа ги разоноди корисниците на интернетот кои ја погледнаа снимката. Едни се обидуваат да го објаснат трикот, а други му се заблагодаруваат затоа што ги развеселил патниците на метрото.