На небото над Подмосковје падобранец го разви најголемото руско знаме на светот (ВИДЕО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Руското знаме со површина од 5 илјади квадратни метри е развиено над Московската област. Се работи за платно тешко повеќе од 200 килограми, долго околу 90, а широко околу 50 метри. Оваа интересна акција е одржана по повод Денот на државното знаме на Руската Федерација.

Мајсторите специјално за шиењето на ова знаме направија особено тенка ткаенина, тешка помалку од 18 грама по метар квадратен. Знамето е сошиено во Краснодарскиот крај. Тоа е направено така што шевовите да не се гледаат, а притоа да можат да го издржат притисокот и да не ја зголемат вкупната маса.

Сложениот скок со падобран со користење на експерименталниот систем „крило“ го изведе Олег Тошчев, искусен инструктор за десантна обука на падобранци.