Во изминатите 30 години 76 земји во светот добиле помош од руското Министерство за вонредни состојби

Global Look Press
Речиси 80 земји во светот кои биле погодени од различни елементарни непогоди добиле помош од Министерството за вонредни состојби на Русија.

Ова за новинската агенција ТАСС го соопшти службата за односи со јавноста на рускиот ресор одговарајќи на прашање за Светскиот ден на хуманитарната помош што се одбележува денеска.

Во текот на 30 години од Министерството за вонредни состојби помош добиле 76 земји. Од 2019 година до денес се спроведени 41 хуманитарна операција надвор од границите на Руската Федерација, велат од министерството. Во текот на година и половина во 25 земји на кои им е дадена помош се упатени 24 илјади тони хуманитарен товар.

Како што велат од Министерството за вонредни состојби, во изминатата година помош најчесто им е давана на земјите во Африка, кои биле погодени од елементарни непогоди, катастрофални поплави и земјотреси. Најголема потреба има од достава на хуманитарен товар.

Покрај тоа, Министерството за вонредни состојби на Русија во погодените земји испраа и спасувачки групи со лекари, како што, на пример, беше случај по експлозијата во пристаништето во Бејрут, а авијацијата на министерството многу пати учествуваше во гаснење на природни пожари во странство.  

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња