Замислете дека сте се нашле во стара „хрушчовкаˮ (зграда со лош квалитет од времето на Хрушчов), носите искинати чорапи, валкана маичка и шапка-ушанка. Го разгледувате својот стан: на ѕидовите има тапети со цветчиња, изветвен тепих и знаме на СССР, а во ќошето вештачка елка со матно светло на светилките. Среде собата е свечено поставена масата, на која стојат чајник, две чинии виршли со кечап и неколку шишиња вино.
Vodka Productions & Consumptions
Сакате да кренете уште една здравица за Нова година, но неволјата е во тоа што еден пријател одамна ви спие под масата, а друг повраќа на вашиот кауч.
Така изгледаат кадри од новата игра „Симулатор на пијанчење Onlineˮ на руските програмери VodkaProductions & Consumptions. Страницата на проектот се појави на платформата „Стим“ (Steam) кон крајот на јули 2020 година, додека играта се очекува во октомври.
Vodka Productions & Consumptions
Симулаторот ви овозможува да пијанчите со „виртуелни пајташиˮ во стан од времето на СССР. Во една виртуелна просторија може да се соберат најмногу осум играчи, како ваши пријатели, така и случајни играчи, кои бараат друштво за пиење. Во играта постојат обичен и гласовен чет. Ако ги исцрпите темите за разговор, програмерите ви нудат колекција анегдоти, здравици или заедничко гледање телевизија во пијана состојба.
И самата игра ви нуди повод за пиење. На пример, на еден скриншот од играта двајца мажи го одбележуваат Меѓународниот ден на топчињата од сирење. Најпосле, ако на обичните соговорници им стане здодевно, секогаш можете во друштво да повикате мечка, која ќе ви ја разубави вечерта.
Vodka Productions & Consumptions
Пијанчењето нема да се ограничи само на станот. На влезот во зградата ве очекува младина која игра брејкденс, а на улица трки на мечки по улички покриени со снег и тепачки со мангупи пред пивница, ветуваат програмерите.
„Симулатор на пијанчење onlineˮ е твоето идеално решение за пиење алкохол со џентлмени. Пронајди исто такви префинети господа како што си ти за да ги разгледате геополитичките проблеми со шише вотка“, гласи авторскиот опис на овој проект.
Играта ќе се појави на платформата Steam на 23 октомври 2020 година.